Во Њујорк средба на Османи со Балакришнан
Шефот на дипломатијата Бујар Османи на маргините на 76 Генерално собрание на Обединетите нации во Њујорк, се сретна со министерот за надворешни работи на Република Сингапур, Вивијан Балакришнан.
Како што соопшти МНР, на средбата беа разменети мислења за можностите за унапредување на билатералните односи меѓу двете земји и беше изразено взаемно задоволство од досегашниот развој на мултилатералната соработка, со посебен фокус на Обединетите нации.
-Соговорниците се согласија дека организирање на средби на високо и највисоко ниво, ќе даде нов импулс во заемните односи и дополнително ќе отвори нови можности за унапредување на соработката, особено во делот на економијата и инвестициите, се наведува во соопштението.
Воедно, се додава, на средбата се дискутираше и за актуелни меѓународни прашања и соработката во меѓународните организации.
Ново на Сител
-
МПЦ и СПЦ ќе служат литургија и во Скопје на Денот на сесловенските просветители
-
Владата го утврди ребалансот на Буџетот - ќе има ли нови мерки?
-
По барањето на Вархеји за преговори со Македонија во јуни Петков го повика Радев да го свика Советот за национална безбедност
-
Тема на денот – колку институциите се ефикасни во борбата против корупцијата во земјава?
-
СОНК ги заврши и преговорите со МТСП - платите на вработените во градинките ќе бидат исплатени во полн износ
-
Дисциплинска постапка против спикерот Џафери во Комисијата за мандатно-имунитетни прашања сепак ќе има
-
Петков сам нема да го повлече ветото - Вархеји побара во Софија Македонија да ги почне преговорите во јуни
-
Македонија се согласи Шведска и Финска да станат членки на НАТО - Турција засега на попушта