Во Њујорк почна судењето на продуцентот Харви Вајнстајн

Судскиот процес против американскиот филмски продуцент Харви Вајнстајн, обвинет за сексуално злоставување и напади почна денеска во Њујорк.
Вајнстајн дојде на суд навреме, а првиот ден од судењето обично е посветен на технички работи. Петнаесетина жени се собраа пред судницата во Менхетен, вклучувајќи ја и американската актерка Розана Аркет, која тврди дека Вајнстајн сексуално ја нападнал.
Скандалот избувна на почетокот на октомври 2017 година кога Њујорк Тајмс првпат ги спомна обвинувањата на сметката на Вајнстајн. Подоцна, околу 80 жени, меѓу кои и актерките Гвинет Палтроу, Анџелина Џоли и Леа Сејду, го обвинија холивудскиот продуцент за сексуално вознемирување и злоставување.
Судскиот процес против Вајнстајн (67), кој рече дека ќе се докаже дека не е виновен, треба да трае шест недели.
Тој се брани од слобода и е обвинет за силување, сексуално вознемирување и злоставување.
Ново на Сител
-

Товарно возило излетало од патот Струмица-Радовиш, возачот загинал на местото на настанот
-

52-годишен гостиварец нападнал малолетник
-

Мицкоски: Со модернизацијата на хидроелектраните ќе го зголемиме производството на обновлива енергија
-

Рубио: Куба веќе „падна“ и е пропадната држава
-

Иран се закани со напади врз енергетската инфраструктура по говор на Трамп
-

Уапсен маж од Осака - чувал крокодил без дозвола
-

МЕРМС: За само две години Министерството постави највисок стандард на отвореност
-

Жените сe 39,2 отсто застапени во Собранието, но само 15 отсто во Владата, утврди ДЗР
