Во Њу Хемпшир во САД измерени рекордни минус 77 степени Целзиусови
Континенталниот дел на САД е погоден од најстудениот ветар досега забележан и температура од минус 77 степени Целзиусови во Њу Хемпшир, соопошти метеоролошката служба, а како последица на студениот бран речиси 100 милиони лица во Северна Америка живеат под арктички студ.
Националната метеоролошка служба на САД (NWS) соопшти дека ледените налети на ветрот на планината Вашингтон, во Њу Хемпшир, синоќа предизвикале температури до минус 77 степени Целзиусови, што е најниската температура досега регистрирана на планината.
Речиси 100 милиони луѓе низ североисточниот дел на САД и Канада се погодени од екстремно ниски температури, а властите предупредуваат дека смрзнатини може да настанат за помалку од 10 минути. Властите ги повикаа жителите од Манитоба, во Канада, до Мејн, во САД, да го ограничат времето поминато на отворено. Комбинираниот ефект на ветер и студ се очекува да донесе најниски температури од 1980-тите во Мејн, Нова Англија, како и во Квебек и делови од источна Канада.
Во Бостон е прогласена вонредна состојба поради студот, а државните училишта се затворени, како и блиските Ворчестер и Бафало, Њујорк.
Њујорк, каде е измерена температури од минус 23 степени Целзиусови, донесе вонредна уредба со која на бездомниците им се дозволува да одат во кое било засолниште за да се засолнат поради студот. Ниските температури ги зафатија и американските држави од Средниот Запад - Мичиген, Висконсин, Индијана, Илиноис и Охајо.
Екстремно ниски температури погодија и делови од Канада: поголемиот дел од Квебек и цело Онтарио, како и делови од Манитоба, а Торонто вчера забележа температура од минус 29 степени Целзиусови.
Падот на температурите беше предизвикан од силниот арктички фронт што се протега од канадските поморски провинции до централните делови на САД. Од понеделникот најмалку 11 лица загинаа во невремето во јужниот дел на САД.
Ново на Сител
-

Сеул: Северна Кореја лансираше ракети кон морето
-

Најмалку едно лице загина при нови напади на Хутите врз саудиските аеродроми
-

Македонскиот борач Топузовски освои бронзен медал на меѓународно натпреварување во Италија
-

Премиерот Мицкоски и министерот Николоски на почеток на изградба на автопатот Букојчани - Кичево
-

Манчестер Сити го освои Енфилд и остана со максимален ефект
-

Струмица 2001 го совлада Пелистер во Супер кошаркарската лига
-

Облачно со повремен локален дожд
-

Зеленски: Не сум запознаен со „енергетското примирје“, но Украина е подготвена да го прифати
