Во несреќа на автопат во Индија прегазени 18 работници
Најмалку 18 работници, кои спиеле покрај патот, се прегазени кога камион со голема брзина удрил во автобус на автопат во Индија, соопшти денеска полицијата.
Повредени се уште 19 работници во несреќата која се случи доцна синоќа во областа Барабанки во индиската држава Утар Прадеш.
Локалниот полицаец Панкај Кумар Синг изјави дека автобусот со кој патувале работниците имал дефект, по што возачот го паркирал покрај автопатот. Работниците потоа заспале покрај патот во близина на автобусот.
– Неколку часа подоцна, камион кој се движел со голема брзина удрил во автобусот одзади, кој од ударот се поместил и ги прегазил работниците. Повеќето од жртвите загинаа на самото место, а неколку други им подлегнаа на повредите в болницата, објасни полицискиот службеник.
Синг истакна дека работниците се враќале од државите Харијана и Пенџаб во своите домови во соседната држава Бихар.
Премиерот Нарендра Моди изрази сочувство поради смртта на работниците и додаде дека разговарал со државните власти да им се обезбеди соодветно лекување на повредените.
Ново на Сител
-
Курти тврди дека има соработка со Османи и дека разликите не се непремостиви
-
Собрание: На премиерот и на одредени членови на Владата им престанаа функциите, ќе ги вршат само неопходните функции до изборот на новата влада
-
На аеродромот во Тирана уапсени 16 полицајци, дозволувале нелегално преминување на границата
-
Ограбена филијала на банка во Скопје
-
Макрон уште еднаш го повика Хамас да го прифати договорот за прекин на огнот
-
Сè што треба да знаете за изборите во ЕУ
-
Ѓоковиќ се повлече од Ролан Гарос
-
Пратеничката група на Левица бара да се констатира престанок на мандатот на пратеникот Талат Џафери