Македонија
9. September 2017 - 13:40

Во Неготино фатен Србин што ограбил Грк, експресно спроведен во „Идризово“

Вчера во 02.30 часот во Неготино, од страна на полициски службеници бил приведен и задржан М.М. (62) од Република Србија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“, над лицето Л.И. (44) од Република Грција.
 
Од страна на судија на претходна постапка, одредена му е мерка притвор во траење од една година и 10 месеци, по што во 04.00 часот на утрово година бил спроведен до Казнено поправната установа -Затвор Идризово.