Во Негорски бањи ќе се гради модерен спа-центар
Негорски бањи се подготвуваат наскоро да го реализираат веќе изготвениот проект за изградба на модерен спа-центар, потврдија од менаџментот на компанијата, која деновиве проектот официјално го презентираше и во просториите на Oпштина Гевгелија.
Вакви спа-центри во Oпштина Гевгелија постојат во хотел-казината „Принцес“ и „Фламинго“, во тек е изградбата на спа-центар и во хотел-казиното „Аполонија“ во Гевгелија, но нема во Негорски бањи, каде што се наоѓаат и најголемите наоѓалишта на геотермална вода.
-Нашите два извора во Негорци и Смоквица располагаат со 280 литри геотермална вода во секунда и дополнителни 200 литри во секунда како резерва од кои топлинската енергија порано се користеше за затоплување на оранжериите на некогашниот ЗИК „Винојуг“, а сега се користат само во бањскиот дел и за затоплување на хотелските капацитети, велат од менаџментот на Негорски бањи.
Бидејќи најголемиот дел од геотермалните води и топлинската енергија остануваат неискористени, од менаџментот на компанијата посочија дека одлучиле да ги следат светските искуства, кои покажуваат дека токму спа-туризмот претставува мошне профитабилна туристичка дејност во последните децении, поради што и тие одлучиле да се приспособуваат на тој тренд.
-Модерните бањски капацитети во развиените европски земји повеќе не се приоритетно насочени кон барање клиентела за лекување ревматски болести, туку на туристи за забава и рекреација, на што наскоро ќе се приклучиме и ние, велат од Негорски бањи.
Ново на Сител
-
Покренато обвинение против суспендираниот јужнокорејски претседател Јун Сук-Јол
-
25-годишен скопјанец со „мерцедес“ удрил во канделабра
-
Малолетници од Гостивар во бессознание завршиле на болница - пиеле алкохол во дискотека
-
Народот на Гренланд сака да биде дел од САД, изјави Трамп
-
Израел го обвинува Хамас за две прекршувања на примирјето
-
Намалена видливост поради магла во Демир Капија, Петровец-Велес, Битола и Прилеп
-
18-годишник од Трубарево приведен за кражба на делови од комбајн
-
Прегазен пешак во Гостивар