Во недела „Скопје трча 10 километри“
– Преку 1.500 пријавени ќе учествуваат в недела на „Skopje Run 10K“, трка која втора година по ред ќе се одржи на улиците на македонската престолнина.
Бројот на пријавени во однос на првото издание е речиси двојно големен.
- Скопје Ран прерасна во трка во голема улична трка. Голем број на странски и македонски тркачи се дел од ова заедница кој има за цел да го следи спортскиот начин на живеење во нашето општество. Сакам да ги повикам сите заинтересирани да се вклучат во трката и со тоа да донираат во „Детското Село“, изјави Дарко Каевски, директор на Агенцијата за млади и спорт која е генерален покровител на манифестацијата.
Оваа година ќе се трча под мотото „Секој километар значи“ и трката ќе има хуманитарен карактер преку купувањето на хуманитарни километри за СОС Детско село.
Организаторот на трката - Сојуз на спортови на Град Скопје, потпомогнат од ко-организаторите Атлетски клуб Работнички, Атлетска федерација на Македонија и Министерството за внатрешни работи соопшти дека се е подготвено за непречено одвивање и безбедност на натпреварувачите.
Почетокот на „Skopje Run 10K“ е в недела (7 октомври) во 9 часот. Стартот е до фонтаната „Лотос“ на „Булевар Илинден“ и самиот финиш е на истата локација со тоа што трката е кружна и се трчаат 2 круга по 5 километри.
- Пријавувањето за трчање „Skopje Run 10K“ е затворено, а за за сите кои сакаат да бидат дел од оваа приказна може преку #СекојКилометарЗначи да купат хуманитарни километри на smartrace.club. Секој километар е 100 денари, а тие кои ќе земат 4 километри или повеќе ќе добијат подарок маица Парго од линијата на Катарина Ивановска, објави организаторот.
Ново на Сител
-
Одбележување 122 години од смртта на Гоце Делчев
-
Сончево и топло, до 30 степени
-
Политичарите уживаат во мешана скара | Цветанка Арсоска и Весна Анчевска | Sitel Podcast 093
-
Од денеска со „Виз ер“ летови до Барселона и Лион
-
Најмалку седум загинати и 20 повредени во бомбардирање болница и аптека во Јужен Судан
-
Скопјанец ја убил сопругата, приведен на Табановце при обид за бегство
-
На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата
-
Пpeд конклавата во Рим исполнети 90 отсто од сместувачките капацитети