Во недела посебен сообраќаен режим во Скопје
Во Скопје посебен режим на сообраќај во недела поради улична трка „Халк Еко Скопје трча 10К 2021“.
- На 13.06.2021 година (недела) во временски период од 07.00 до 10.00 часот, во организација на Сојуз на спортови на Скопје, ќе се одржи улична трка на 10 км насловена како „Халк Еко Скопје трча 10К 2021“, со траса на движење од бул.„Илинден“ (во двете насоки) од крстосница со ул.„Наум Наумовски Борче“ (Фонтана Градски парк) до крстосница со ул.„Никола Парапунов“, лево по ул.„Никола Парапунов“ десно по бул.„Партизански oдреди“ до крстосница со ул.„Ангел Динев“ (мост Влајко) полукружно назад по бул.„Партизански oдреди“ (во насока кон Сити мол) до крстосница со ул.„Љубљанска“, полукружно назад по бул.„Партизански oдреди“, десно по ул.„Никола Парапунов“, десно по бул.„Илинден“ до целта (Фонтана Градски парк) во Скопје, соопшти МВР.
Од тие причини Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе превземе мерки за посебен режим на сообраќајот по горенаведените улици, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници. Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.
Ново на Сител
-

Ива Михаилова избегала од државата по козји патеки?!
-

Тема на денот со Панче Тошковски, министер за внатрешни работи
-

Поради паузи не се одржа седницата за опозициски прашања во Собранието
-

Поради паузи не се одржа седницата за опозициски прашања во Собранието
-

ВМРО-ДПМНЕ бара утре да продолжи надзoрната расправа за Aлта банка
-

СДСМ поднесе кривична против гувернерот за Алта банка
-

Новата шефица на ОЈО ГОКК најавува поефикасен прогон, Алта банка е меѓу темите што се следат
-

Радев: Проблемите на Бугарите во Mакедонија се влошуваат
