-->
-->
Во навивачките немири во Сплит приведени 51 лице, повредени тројца полицајци
-->
Немирите почнаа по завршувањето на полуфиналниот натпревар од Купот на Хрватска кој заврши со победа на Динамо, кога група домашни навивачи влегоа на теренот со цел да го нападнат гостинскиот тим и навивачи.
„Со навремена реакција и дејствување на полицијата нападот е спречен и луѓето се пренасочени на трибините“, соопштија од полицијата.
Во соопштението се вели дека по натпреварот, во и околу стадионот, во неколку наврати поголеми групи луѓе ја нападнале полицијата фрлајќи кон нив запалени ракети, шишиња, камења и други предмети.
„Во овој момент лекарска помош побарале тројца полициски службеници кои се пренесени во сплитската болница. Оштетено е и едно службено возило“, се вели во соопштението објавено по полноќ
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Уште едно лице побарало медицинска помош
-
Тошковски: Ја засилуваме превенцијата
-
Презентирано решението за новата Универзална сала
-
Туристите од Турција повторно најбројни
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Никола Димитров, екс министер за надворешни работи
-
Состојба со пожарите во Трубарево и Дрисла
-
Состојба со пожарите во Трубарево и Дрисла