Во нападите врз Техеран оштетена амбасадата на Србија | ФОТО

Зградата на српската амбасада во Техеран е оштетена денеска при воздушните напади врз Иран, јави Радио-телевизија на Србија (РТС). Во инцидентот нема повредени од персоналот на амбасадата.
Како што дознава РТС, целта била воена база лоцирана во близина на српската амбасада.
Информацијата ја потврди српскиот претседател Александар Вучиќ кој нагласи дека персоналот на амбасадата почнал да се повлекува во Баку.
Вучиќ рече дека амбасадата е оштетена и дека цел на американскиот напад била базата Басиџа.
Оштетена е нашата амбасада. Нашиот персонал се повлекува кон Баку и Азербејџан, документацијата е уништена во согласност со правилата. Нашиот амбасадор ќе оди во Баку со луѓе од дипломатската мисија, но ќе се врати во Техеран на негово лично инсистирање – рече тој.
МИА
Ново на Сител
-

Кризна состојба поради опасност од пожари
-

Индустриското производство расте, долгот се намалува
-

Нов ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ
-

Критики од ДУИ за ребалансот
-

Охрид полн со туристи, се бара место повеќе
-

Политички судир за фузијата на градинките во Штип
-

Преглед на вестите од светот
-

Во Центар платени 3.360 евра за квадрат – Цените на становите растат
