Во напади со дронови во Русија оваа година загинале 392 лица

Во напади со беспилотни летала од јануари до крајот на октомври оваа година во Русија се убиени 392 лица, меѓу кои и 22 малолетници, објави амбасадорот на руското Министерство за надворешни работи, Родион Мирошник.
„Од почетокот на годината до крајот на октомври, 3.205 лица беа повредени во напади со беспилотни летала, меѓу кои и 195 малолетници. Вкупно 392 лица загинаа, меѓу кои и 22 малолетници“, рече Мирошник, а објави весникот „Известија“.
Тој изјави дека од февруари 2022 година, убиени се вкупно 7.175 руски цивили, додека се повредени уште 17.617 лица.
Според него, беспилотните летала неодамна станаа едно од главните средства за напад врз цивили.
„До 80 проценти од населението е повредено или убиено од беспилотни летала, што значи дека секоја трета од четири жртви е жртва на напад со беспилотни летала. И ако ги споредиме, на пример, јули и септември, бројот е зголемен за околу една третина“, рече амбасадорот на руското Министерство за надворешни работи.
Ново на Сител
-

Трипуновски за Сител: 50 договори се стопирани по скандалот со директорот на Платежната агенција
-

Тема на денот со Цветан Трипуновски, министер за земјоделство
-

Почнаа меѓукоалициските консултации за смени во Владата
-

ВМРО-ДПМНЕ: Познат доктор и поранешен градоначалник го одбил Филипче
-

Опозицијата ѝ понуди помош на Владата по корупцискиот скандал во Платежната агенција
-

Судењето за пожарот во Кочани почнува во среда, надлежните ветуваат ефикасност
-

Ѓорѓиевски: Затвореници на платен список во Комунална, истрагата да се прошири и во Град Скопје
-

ДКСК ги отфрли сите изборни предмети
