Во Москва зајакнати мерки за безбедност поради парадата на Денот на победата
Денот на победата над фашизмот, 9 мај, ќе биде одржан под исклучително силни безбедносни мерки во Москва и во другите градови, откако руските служби спречија терористички напад планиран за овој ден.
Руските служби за безбедност во Москва и во другите градови веќе презедоа мошне зајакнати и детални безбедносни мерки, во рамките на кои во периодот од 1 до 10 мај само во главниот град се ангажирани околу 18 илјади припадници на силите за безбедност - полицајци, кинолози, припадници на специјалните единици - ОМОН, Националната гарда и приватни фирми, кои се занимаваат со обезбедување објекти и настани.
Федералната служба за безбедност објави дека терористи од Блискиот Исток планирале да отворат оган кон учесниците во парадата, по наредба на лидерот на меѓународни терористички организации активни на териториите на Сирија и Турција.
Ново на Сител
-
Во тек е кампањата „Носи кацига“
-
Две тела пронајдени во запален стан во Нови Сад
-
Царинска управа: Спречено криумчарење на два тона месо штетно за здравјето на граѓаните
-
Воз удрил во автомобил во Драчево
-
Драматично спасување на заробен човек во длабока тиња и кал во реката Пчиња
-
Орбан неочекувано ја посети Кина
-
Детали од вчерашната сообраќајка во Охрид - Загина 23 годишен мотоциклист
-
Водата во Скопје безбедна за пиење