Во Москва парада по повод Денот на победата

По повод 76-годишнината од крајот на Втората светска војна, на Црвениот плоштад во Москва се одржува Парадата на победата.
Рапорт за почетокот на парадата на претседателот на Русија, Владимир Путин, му поднесе министерот за одбрана, генерал на армијата Сергеј Шојгу.
Парадата, на која учествуваат повеќе од 12.000 војници, ја предводи Врховниот командант на копнената армија, армискиот генерал Олег Саљуков.
– Секогаш ќе се сеќаваме дека големата победа над нацизмот ја постигна советскиот народ. Во најтешкото време на војната, во одлучувачките битки кои го одредија исходот од борбата против фашизмот, нашиот народ беше сам, сам на макотрпниот, херојски и пожртвуван пат до победата, рече Путин за време на говорот на Црвениот плоштад, по што се одржа едноминутно молчење.
Путин истакна дека „Русија одлучно ќе ги штити своите национални интереси и дека нема прошка за оние кои смислуваат агресивни планови“.
Русија го слави Денот на победата на 9 мај, за разлика од повеќето европски земји кои го одбележуваат крајот на Втората светска војна во Европа на 8 мај. Ова произлегува од фактот дека крајот на сите борбени активности беше објавен во 23:01 часот по средноевропско време, а временската разлика во Советскиот сојуз падна еден ден подоцна.
Паради се одржуваат и во многу градови во Русија, а поради пандемијата на коронавирус, акцијата „Бесмртен полк“ ќе се одржи онлајн, втора година по ред.
Минатата година, Парадата на победата во Москва беше одложена за 24 јуни, поради пандемијата на коронавирусот.
Ново на Сител
-

На Клиниката за психијатрија расте бројот на пациенти кои бараат помош поради семејно и партнерско насилство
-

Иранската војска соопшти дека Ормуската Теснина е затворена
-

Македонија има светски шампион во карате – Марко Џорлев со пет победи стигна до златниот медал!
-

Во тек акција на МВР за сузбивање на трговија со дрога и оружје
-

Сончево со мала локална облачност до средината на следната седмица
-

Трамп тврди дека Зеленски добил „милијарди долари“, Шикорски негира - САД немаат дадено „ниту цент“ од јануари 2025
-

МВР: Во септември санкционирани 1.803 возачи на велосипеди и мотоцикли, одземени 88 мотоцикли
-

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри


