Во Москва отпуштаат од работа лица кои не сакаат да се вакцинираат
Работодавците во Москва се должни да отпуштаат вработени кои одбиваат вакцинација против коронавирусот, соопштија од Оперативниот штаб за контрола и следење на состојбата со Ковид-19 во рускиот главен град.
Според оштабот, присуството на високо ниво на антитела не е показател да се избегне вакцинација против коронавирусот.
„Во моментов не постои докажан метод за мерење на нивото на антитела доволно за да се изгради имунитет кај луѓето, или систем за проценка на ефективноста и стапката на адаптација на антитела кон мутирани соеви на вирусот“, се вели во соопштението.
Покрај тоа, не препорачуваат жителите на Москва да се тестираат за антитела пред вакцинација.
Во градот вчера беа регистрирани 88 смртни случаи, црн рекорд од почетокот на пандемијата. Москва нареди задолжителна вакцинација за жителите на градот кои работат во сферата на услуги. Седум други руски градови меѓу кои и Санкт Петербург воведоа слични правила. Во Москва каде има 12 милиони ѓители, само 1,5 милиона луѓе се вакцинирани. Според најновите анкети, 60 отсто Руси нема да се вакцинираат.
Ново на Сител
-

Пронајдена голема количина на марихуана - полициската акција се уште е во тек
-

Пронајдена голема количина на марихуана - полициската акција се уште е во тек
-

Утре до пладне УПОЗ ќе каже дали ја прифаќа понудата на Влада
-

Тема на денот со Шабан Салиу, министер без ресор
-

Преглед на вестите од светот
-

Владата и синдикатот пред договор
-

Филипче пресмета од каде да се скрати за да се најдат пари за минималец од 600 евра
-

Потресни сведочења на пожарникарите за кобната вечер во “Пулс”
