-->
-->
Во Молдавија се урна романски хеликоптер за итна помош, четири лица загинаа
-->
На крајот од селото Харагас, на југот од Молдавија, денеска се урна хеликоптер на романската итна помош, при што загинаа четири лица.
Американските медиуми пренесуваат изјава од првиот човек на Харагас, Јуриј Балануте, кој кажа дека хеликоптерот се урнал поради густа магла и дека паднал во блиската шума.
Портпаролот на итните служби на Романија - СМУРД, Георге Хангану, изјави дека хеликоптерот превезувал болно лице од ова подрачје во главниот град на Молдавија, Кишењев.
Американските медиуми наведуваат дека Романија има спогодба со Молдавија за превоз на итни случаи на молдависките пациенти.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Обид за убиство во струшко - приведени две лица
-
Вулкан на Камчатка еруптира за прв пат по 600 години
-
Германски градови планираат да примат деца од Газа и Израел
-
Јубилеј на младите: Повеќе од еден милион луѓе на миса во Рим
-
Албанија: Од 2021 година странците купиле имот во вредност од 1,3 милијарди евра
-
Австралија доживеа најголеми снежни врнежи во последните децении
-
ДЗС: Во земјава нема активни пожари
-
Кина и Русија започнаа заеднички поморски вежби во Јапонското Море