Во Мјанмар постигнат делумен договор со вооружените етнички бунтовнички групи

По двегодишни преговори денеска во Најпајдав, административната престолнина на Мјанмар. беше потпишан договорот за мир меѓу властите и претставниците на осум од вкупно 19 племиња кои водат шестдецениска војна за автономија, или отцепување. Договорот лично го потпиша и сегашниот претседател Теин Сеин. На церемонијата на потпишувањето на мировниот договор, што ја пренесуваше државната телевизија, присуствуваа и претставници на Обединетите нации, Европската унија, Кина и Индија, кои имаа активна посредничка улога во преговорите за мир.
Договорот за мир го поздрави и официјален Вашингтон, но од таму се изразува и загриженост поради продолжените армиски операции во државите Качин и Шан, од кои, најмногу во Кина, годинава пребегале над 100.000 жители.
Потпишувањето на договорот, неполн месец пред одржувањето на општите избори во Мјанмар, аналитичарите го оценија како значаен чекор кон мирот во државата позната и како Бурма, но предупредија дека армијата, која често ги прекршува наредбите за прекин на дејствување, може да биде и голем фактор на ризик.
Опозицијата, на чело со нобеловката Аунг Сан Су Ќи, одби да присиствува на потпишувањето. Се проценува дека и во минимални услови за нормални избори опозиционата национална Лига за демократија убедливо ќе победи.
Поради продолжените вооружени судири, изборите во Мјанмар ќе се одложат во неколку провинции, а подоцна ќе се гласа и во подрачјата кои во септември страдаа од големи поплави.
Владата на Мјанмар потпиша договор за прекин на огнот со осум вооружени групи на разни етнички заедници.
Независни посматрачи во Рангун проценуваат дека постигнатиот договор не е ниту општонационален, како што го прикажува владата, а не претставува ниту вистински прекин на огнот, затоа што бара секоја од групите да постигне посебен договор со владата, па се сравува дека непријателставата нема да запрат.
Мјанмар, порано позната како Бурма, се соочува со воени конфликти на армиските сили со разните вооружени групи на етничките заедници уште од 1948 година, веднаш по стекнувањто на независноста од Велика Британија.
Сите тие бараат поширока автонмија, или целосна независност, несогласувајќи се со доминацијата на бурманското мнозинско население.
Ново на Сител
-

Реконструкцијата заврши, се чека партиска одлука
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

Финишира владината реконструкција
-

Координациите на пратениците без епилог, утре нов обид за договор за изборниот законик
-

УГД по апсењето на професорката: Нема место за корупција
-

Истражување на ЕСЕ: Има корупција во здравството, но ретко кој признава дека е вклучен
-

Дали се одложуваат операции на Хирургија поради дефектот во климатизацијата?
-

Седум пожари на отворено, најкритично кај Велес
