Во МЕПСО им се барало мито на инвеститори, Мицкоски очекува наскоро да бидат обелоденети ваквите тврдења
Дел од минатите раководства на АД МЕПСО барале мито од инвеститорите и тоа во моментот се истражува. Премиерот Христијан Мицкоски очекува дека наскоро ваквите тврдења ќе бидат обелоденети во јавноста.
- Најголемиот конзум што го има Македонија е во зима, отприлика втората половина од јануари меѓу 18 и 20 часот и тоа е 1,5 гига. Техничкиот капацитет на мрежата е двапати поголем, но во моментот има проекти и барања од 9,5 гига односно трипати повеќе од техничкиот капацитет и шест пати повеќе од тоа кое што го трошат граѓаните. Зошто? Затоа што некои минати раководства во МЕПСО за да издадат мислење пред инвеститорите, имаат барано мито и тоа го истражуваме. За жал, има малку докази, но мислам дека дел од овие тврдења наскоро ќе бидат обелоденети, изјави денеска Мицкоски.
Според Мицкоски, не е точно дека има чести испади на енергетската мрежа, имало само еден испад изминатиот викенд поради надворешен фактор.
- Зборуваме за неделата кога имаше зголелени напонски прилики на далноводот што ги поврзува Врање и Штип. Тоа значи дека наместо да има 400 киловолтна напонска состојба имаше 460 киловолтна состојба со што се активираше заштитата на мрежата и нормално е дека тој далновод се исфрла од функција, рече Мицкоски.
Ново на Сител
-
Активни шест пожари, вкупно 14 на отворен простор
-
Пронајдена е исчезнатата Билјана од Прилеп
-
Пронајден починат 55-годишен скопјанец во водите на Охридското Езеро
-
Редици пред првата „Лабубу“ продавница во Германија
-
Скопско со нова кампања: Вкусот што нѐ опушта и прави да сме свои
-
На „Табановце“ за влез и излез од државата се чека 20 минути
-
Во Газа досега загинаа 232 новинари
-
Отстранети пешкири, лежалки и чадори поставени без дозвола на плажите во Полихроно и Калитеа