Вo мејловите на Хилари Клинтон имало класифицирани информации за напади со беспилотни авиони во Пакистан
Мејловите меѓу американските дипломати во Исламабад и службениците во Стејт департментот во Вашингтон, во кои се разгледувало дали во Пакистан да се изведат конкретни напади со американски беспилотни авиони и натаму се во центарот на криминалната истрага на ФБИ за употребата на класифицирани информации од поранешниот државен секретар Хилари Клинтон, пренесе весникот „Волстрит џурнал“.
Електронската пошта, пишувана во текот на 2011 и 2012 година, била испраќана преку компјутерски систем за некласифицирани информации. Ова се правело според таен договор, што на Стејт департментот му давал поголемо учество во одлуките дали ЦИА да изведува напади со беспилотни авиони.
Според „Волстрит џорнал“, ова на истражителите на ФБИ им го кажале службеници од Конгресот и правосудните органи.
Дел од овие мејлови службениците на Клинтон ги испраќале на нејзината лична и-мејл адреса, кои таа ги добивала на серверот во нејзиниот дом, во близина на Њујорк, додека била државен секретар.
Истражителите алармирале дека личниот сервер на Клинтон бил помалку сигурен од компјутерските системи на Стејт департментот.
Неодамна главниот инспектор на Стејт департментот утврди дека Клинтон ги нарушила правилата, употребувајќи го приватниот сервер без одобрение на Владата, напоменуваат британските медиуми.
Овие мејлови се уште се тајни и се цел на истрагата на ФБИ, службата која подолго време и ја поматува нејзината кампања за претседателските избори.
Белата куќа синоќа, преку портпаролот Џош Ернест, соопшти дека претседателот Обама се држи до принципот секоја криминална истрага да се води без каква и да било политичка интервенција.
Во мејловите не се споменуваат зборовите ЦИА и беспилотни авони, ниту се содржат детали за целите. Тие се пишувани во кратко време, во кое службениците на Стејт департментот требало да решат дали да возвратат или не на нападите со дронови, пред ЦИА да ги изведе, додаваат британските медиуми.
Ново на Сител
-
Јапонија најави 61 милијарда евра за домашната индустрија за чипови
-
44-годишна жена ги нападнала сопругот и свекорот
-
Тројца скопјани физички нападнале 11 Турци во угостителски објект во Центар
-
Куче намириса 2 килограми кокаин на скопскиот аеродром | ВИДЕО
-
Мицкоски: Фокусирани сме на вистински капитални инвестиции
-
Ја голтнал дрогата што ја купувал кога видел полиција па завршил во болница
-
Кумановската полиција пронашла седумнаесет мигранти од Сирија
-
Почина еден од најуспешните винопроизводители во светот, Жозеп Ферер Сала