-->
-->
Во Маврово-Ростуше излезеноста 2,03 отсто, во Врапчиште 1,37 проценти
-->

До девет часот утрово во Маврово-Ростуше гласале 196 лица или 2,03 отсто од запишаните, додека во општина Врапчиште 349 лица или 1,37 проценти.
Според првичните податоци од Општинската изборна Маврово-Ростуше, референдумското изјаснување засега тече без проблеми и од седум часот се отворени сите избирачки места. Број на гласачи е 9.672, кои правото на глас ќе го реализираат на 39 избирачки места.
И во Врапчиште гласањето редовно се одвива. На територијата на оваа општина има 25.454 граѓани со право на глас и 39 избирачки места.
Во текот на вчерашниот ден, девет лица кои отслужуваат затворски казни имаа можност да го дадат нивниот глас. Од ОИК потврдија дека процесот за изјаснување започнал во седум часот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Локализиран пожарот кај Јабланица
-

Турската бања во Прилеп стана опасност за граѓаните, делови од ѕидот секој момент може да се урнат
-

Родители бараат регионални стоматолошки центри за деца со попреченост
-

Превозниците бараат поврат на дел од акцизата за дизел
-

Тема на денот со Зоран Љутков, министер за култура и туризам
-

Обид за намалување на цената на горивата и ублажување на енергетската криза
-

ССМ: Поскапувањето во маркетите почна, излезете на протест за повисоки плати
-

Мицкоски: Македонија системски подобро реагираше по пожарот во Кочани од Швајцарија во Кран Монтана
