Во масовна гробница во Мексико пронајдени тела на 600 жртви
Посмртните останки на повеќе од 600 тела пронајдени се во масовна гробница, најголема досега во Мексико, јавија синоќа локалните медиуми.
Гробницата е откриена во близина на Тореон, еден од најопасните градови во светот, пренесува Раша тудеј.
На површина од 16 хектари во општината Сан Педро, кај Тореон, пронајдени се закопани коски, облека, обувки на повеќе од 600 жртви, објави „Нотимундо Њјуз“, повикувајќи се на групата „Вида“, невладина организација која ги претставува членовите на семејствата на исчезнати лица.
Претставничката на групата Силвија Ориц изјави дека останките се испорачани на властите заради идентификација.
Според официјалните податоци околу две илјади луѓе исчезнале во неконтролираните судири на криминалните групи кои се занимаваат со производство, криумчарење и трговија со наркотици.
Ново на Сител
-
СПМ: Владите на СДС со катастрофалните политики ја доведоа државата во подредена состојба
-
Сообраќаен метеж и гужва кај „Веро Џамбо“ поради сообраќајка | ФОТО
-
Приведен кавадарчанец по распишана централна потерница
-
Во беровската полиција однесено неексплодирано убојно средство
-
Можно е Фицо да биде префрлен на лекување во Братислава
-
Истрели во близина на Амбасадата на Израел во Стокхолм
-
Герапетритис: Грчката Влада реагираше брзо и го интернационализираше прашањето по инаугурацијата на Сиљановска
-
Француската полиција уби вооружен маж кој се обидел да запали синагога