Во Мароко се уапсени две лица осомничени за врски со терористите од Барселона
Мароканските власти уапсиле две лица, осомничени за врски со извршителите на терористичкиот напад во Барселона, во кој беа убиени 13 лица, пренесоа британските медиуми, повикувајќи се на државната телевизија 2М.
Единиот од нив - маж на возраст од 28 години, бил приведен во Надор, во близина на шпанската енклава Мелила. Тој 12 години живеел во Барселона. Осомничен е за врски со Исламска држава и за подготовка на нападот врз шпанската амбасада во Рабат.
Не е утврдена директна врска меѓу него и ќелијата што се состоела од главно млади Мароканци, која го изврши нападот во Барселона. Но, тој на Фејсбук му се возхитувал на нападот.
Вториот бил приведен во градот Ужда, во близина на границата на Мароко со Алжир. Тој живеел во Рипол, јави мароканската телевизија, според која и двајцата биле уапсени во неделата.
Мароканските власти одбиле да дадат коментар на информациите за апсењата, додадоа британските медиуми.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Meџити официјално е кандидат за Чаир, од ВРЕДИ ниту денеска не потврдија каде живее
-
Тема на денот со Бујар Османи
-
ВРЕДИ одлучи за првите кандидати
-
Совет за безбедност: Безбедноста е стабилна, пожарите под контрола, остануваме посветени на реформската агенда
-
Што одлучи Советот за безбедност?
-
Трамп ја преполови царината за Македонија
-
ВМРО-ДПМНЕ со свој кандидат за градоначалник и во Кичево - во тимот на Орце Ѓорѓиевски влезе и Ралев