Македонија
31. March 2024 - 16:41

Во манастирот во Рајчица чудотворна икона од Светa Гора

Илјадници  верници  ја дочекаа осветената икона на Св. Георгиј Победоносец

Иконата на Свети Георгија Победоносец си го најде својот дом во манастирот Рајчица.Со параден оркестар и  воена гарда осветената икона верно носена на рамената  беше пречекана  од страна на илјадници верници.

Иконата која отсега ќе го краси манастирот ќе стои не само како знак на нашата вера и христијанското предание туку и како еден постојан потсетник на нашата поврзаност со духовите ,предците и потомците истакна игуменот на Бигорскиот манастир епископот Антаниски г.Партениј.

Огромен број на посетители со радост присуствуваа на овој настан на пристигнувањето на иконата на Свети Георгиј Победоносец кој останува непресушна инспирација за вера, храброст и креативност.

Иконата на Св. Георгиј Победоносец, е идентична копија на чудотворната икона на Светиот Великомаченик, којашто во 15. век на манастирот Зограф на Света Гора му ја подарил големиот добротвор на православните светињи, легендарниот молдавски војвода Свети Стефан III Велики.