Македонија
30. October 2021 - 16:48

Во Македонски Брод гласаа 120 болни и изнемоштени граѓани

Во текот на денов во Општина Македонски Брод беше спроведено гласањето на болни и изнемоштени лица кои побарале да гласаат во домашни услови.

Претседателот на ОИК за Македонски Брод, Живко Столески, информираше дека за вториот изборен круг биле прифатени барањата на 129 граѓани за гласање во домашни услови и од нив гласале 120, а останатите девет не гласале зашто во време на постетата на избирачките одбори не биле присутни на дадената адреса.

– Во нашата општина немавме пријавено лица болни од КОВИД-19 и во изолација кои побарале да гласаат во домашни услови, посочи Столески.

Соопшти и дека во текот на денов сите избирачки одбори го подигнале гласачкиот материјал и нагласи дека во општина Македонски Брод ќе се гласа на 53 избирачки места, а гласањето ќе го спроведат 41 избирачки одбор. Дванаесет избирачки места се споени поради недоволен број избирачи, односно  помалу од десет.