Во Македонија лани произведени 376 килограми комунален отпад по жител
Годишното количество на создаден комунален отпад во Македонија по жител во 2016 година изнесува 376 килограми, што е за 1,1 процент помалку отколку во 2015 година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Вкупното количество на создаден комунален отпад во Република Македонија во 2016 година изнесува 796.585 тони, а вкупното количество на собран комунален отпад 610.227 тони, што споредено со претходната 2015 година е намалување од 1,6 проценти.
Од вкупното количество на собран комунален отпад 512.657 тони или 84 проценти се од домаќинствата, а останатите 16 отсто од правни и физички лица.
Најголемо количество на комунален отпад има во Скопскиот регион, каде се собрани 160.290 тони или 26,2 проценти од вкупното собрано количество отпад во Македонија.
Според видовите на отпад, најголемо количество на собран отпад е измешан комунален отпад, што претставува 543.644 тони или 89 отсто, а најмало количество е отпад од гума, со 656 тони или 0,1 процент од вкупното количество собран комунален отпад.
Најголемо количество, односно 99,4 проценти, на собран комунален отпад се отстранува на депонија.
Ново на Сител
-
Поволни услови за кредит за лицата кои прв пат ќе купуваат стан
-
СДСМ: Орце Ѓорѓиевски не нуди решение за дивоградбите
-
Сите штипски основни училишта побараа од Советот да формираат паралелки со ученици под законскиот минимум
-
Дрвокрадците не запираат
-
ДЗР: Владата има застарен софтвер
-
Тема на денот со Марко Трошановски, претседател на ИДСЦС
-
8-дневен притвор за насилникот што влета на терен - синот исклучен од ФФМ
-
Пратениците без нова иницијатива за изборни измени – Собранието со декларација ќе гарантира фер избори