Во Мајами пристигна украинска делегација за разговори со САД

Украинска делегација пристигна во Мајами, Флорида, каде што денеска ќе се одржат билатерални разговори со претставници на САД.
Во украинската делегација се секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина, Рустем Умеров, шефот на претседателската администрација Кирил Буданов, неговиот заменик Сергеј Кислица и претседателот на парламентарната група на партијата „Слуга на народот“ на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Давид Арахамија.
САД ќе бидат претставени од специјалниот претставник на Белата куќа, Стив Виткоф, и зетот на претседателот Доналд Трамп, Џаред Кушнер.
Украинската политичка делегација замина за САД за да разговара за безбедносните договори, особено за воздушната одбрана и прекинот на војната на Русија против Украина.
Претседателот Зеленски истакна дека украинско-американската средба денеска ќе се фокусира на подготовките за идните трилатерални разговори, санкциите против Русија, како и на работата на договорите меѓу Украина и САД поврзани со безбедноста и реконструкцијата.
Украинската делегација можно е да го постави и прашањето за потпишување договор со САД за производство на беспилотни летала, јавија украински медиуми.
МИА
Ново на Сител
-

Што треба да преземе Владата, за да се намалат инфлациските очекувања?
-

Тема на денот со Даниел Стојчевски, пратеник од ЗНАМ
-

Се водат ли преговори за завршување на војната на Блискиот Исток
-

Дел од регионот се соочува со недостиг, а во Македонија дизелот поевтинува за еден денар
-

Цените на горивата може да ја забрзаат инфалцијата
-

Безбедносната состојба стабилна, Американците во светот повикани на претпазливост
-

СДСМ: Пратеничката група ни е стабилна, утре Централен
-

Костадиновски: За воведување на уставна тужба неопходни се уставни измени
