Во Лондон осуден чуварот на Британската амбасада на 13 години затвор поради шпионажа во корист на Русија
Човек кој и доставувал на Русија многу чувствителни информации додека работел како обезбедување во Амбасадата на Велика Британија во Берлин, денеска е осуден на 13 години и два месеци затвор пред судот во Лондон.
Судот го сослуша 58-годишниот Дејвид Балантајн Смит кој собирал доверливи информации повеќе од три години, вклучително и „тајни“ владини комуникации со тогашниот премиер Борис Џонсон и други чувствителни документи.
Смит се изјасни за виновен за осум прекршоци според Законот за службени тајни во ноември, вклучително и обвинение за предавање информации на Сергеј Чукров, рускиот воен аташе во Берлин, во ноември 2020 година.
Останатите седум обвиненија се однесуваат на собирање информации потенцијално корисни за Русија. Дури четири обвиненија се однесуваат на службеникот на МИ5, „Дмитриј“, руски државјанин кој наводно и помагал на Велика Британија.
Смит пред судот додаде дека почнал да собира доверливи информации по расправија со колегите и додека страдал од депресија. Тој истакна дека ги снимил документите откако испил „седум литри пиво“.
- Во тоа време се чинеше како добра идеја... но никому не ги проследив документите бидејќи тоа би било намерно оштетување на Велика Британија, наведе Смит.
Ново на Сител
-
Турски државјанин пронајден мртов во Скопје
-
MВР: Пронајдена метална кутија со 151 куршум
-
Стојановска и Биковски избрани за Републичко обвинителство, во ОЈОГОКК ќе се придружат Хаџи Василева и Азизи
-
Собранието донесе неколку закони и потребата за донесување на закони по скратена постапка
-
Јавниот превоз во Скопје утре по неделен возен ред
-
Мицкоски на средба со претседателот на Австрија
-
До Нова година мониторинг, а потоа строги казни за оние што не го почитуваат Законот за нефер трговски практики
-
Просечната нето-плата во август 41 097 денари