Во Лондон меѓународна конференција за воени злосторства во Украина
Министрите за правда од целиот свет ќе се сретнат денеска во Лондон за да разговараат за зголемување на поддршката за Меѓународниот кривичен суд (МКС) откако минатата недела издаде налог за апсење на рускиот претседател Владимир Путин.
МКС го обвини Путин за воено злосторство за незаконско депортирање стотици деца од Украина.
„Се собираме во Лондон обединети со една цел – да ги повикаме воените злосторници одговорни за злосторствата извршени во Украина за време на оваа неправедна, неиспровоцирана и незаконска инвазија“, рече британскиот вицепремиер Доминик Рааб.
„Обединетото Кралство, заедно со меѓународната заедница, ќе продолжи да му обезбедува на Меѓународниот кривичен суд ресурси, луѓе и експертиза за правдата да биде задоволена“, додаде тој.
Велика Британија вети милион фунти на МКС оваа година, а Министерството за правда соопшти дека се очекува и други земји да ветат финансиска поддршка за време на конференцијата во Лондон, чиј домаќин ќе бидат Велика Британија и Холандија. Средствата ќе бидат искористени за обука на истражители за истрага на наводните воени злосторства, како и психолошка и практична поддршка за жртвите, објави Министерството.
Ново на Сител
-

Пентагон подготвува испраќање 3.000 падобранци на Блискиот Исток
-

Утрово најстудено на Попова Шапка и во Берово
-

Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“, повикани тројца сведоци од Општина Кочани
-

Краделе кабли во „Железара“ и оштетиле електричен кабел вреден 800.000 денари
-

Без струја денес корисници од Центар и Шуто Оризари
-

Сиљановска-Давкова ќе одржи предавање на Правниот факултет во Загреб
-

Презентација на лесни оклопни возила „страјкер“ набавени од САД
-

Корејскиот амбасадор Донгбае во посета на Собранието
