Во Лондон, изложба за групата „Пинк флојд“

По големиот успех на изложбата за легендарниот музичар Дејвид Боуви, лондонскиот музеј „Викторија и Алберт“ во 2017 година ќе изложи ретроспектива на култната британска група „Пинк флојд“.
Маскотата на изложбата, која ќе биде отворена од 13 мај до 1 октомври 2017 година, ќе биде балон во форма на розово прасе, омотот на албумот Animals од 1977 година.
Балонот ќе ја надлетува зградата на музејот во текот на изложбата под наслов Pink Floyd: Their Mortals Remains (Пинк флојд: Смртниците остануваат).
„Пинк флојд“ во ноември 2014 година го издаде прошталниот албум The Endless River, прв студиски албум на бендот по 20 години. Оваа група е една од најуспешните во историјата на рокенролот.
Нивниот албум Dark Side of the Moon од 1973 година продаден е во повеќе од 45 милиони примероци.
Бендот, основан во 196 година беше вклучен во врвот на светската музика благодарение на иновативниот стил, филозофските теми и визуелните перформанси на концертите.
Ново на Сител
-

Стопирањето со БСЖ вакцината ги зголеми загриженоста и одговорите што ги бараат родителите
-

Преглед на вестите од светот
-

Ристовска го тужи ВМРО-ДПМНЕ
-

Владата пресмета 11.000 денари пониска потрошувачка кошничка од синдикатот
-

СДСМ: Никој не гласаше за 600 евра минимална плата
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е како бугарски амбасадор во Македонија
-

Цените на угостителските услуги растат, но што добиваат гостите
-

Во Босилово одржан 68-миот државен натпревар за трактористи
