Во Љубојно и Брајчино се снимаше нов краткометражен филм „Последните камбани“
Осаменоста и соочувањето со неа се тема на краткометражниот филм „Последните камбани“, кој се снимаше изминативе неколку денови во селата Љубојно и Брајчино во Македонија.
Режијата и сценариото се на Николче Поповски, кој објаснува дека приказната е за осамен старец (го глуми Мето Јовановски), кој преку камбаната комуницира со неговиот пријател од соседното село. Поповски додава дека ова говори за крајот на една стара и односот на некоја нова генерација кон она што било некогаш.
- Куриозитет е тоа што во филмот воопшто не постои говор, така што на мошне моќен начин се претставува осаменоста со која протагонистот секојдневно се соочува. Идејата која произлегува од филмот е уште една потврда дека нам луѓето не ни преостанува ништо друго освен да се обидеме да одржиме чекор со времето кое доаѓа. Сè друго би донело последици за чијшто епилог не би сакал да размислувам, вели Поповски.
Директор на фотографија е Фејми Даут, продуцент е Гоце Кралевски, а филмот е во продукција на „ДНФ Филмс“.
- Снимавме во прекрасните предели на Љубојно и Брајчино. Така, убавините на овие села, како да играат дел од карактерите. Екипата е спој на искуството и ентузијазмот и се надевам дека ќе имаме прекрасен филм кој ќе допре до публиката, изјави продуцентот Кралевски.
Планот е да биде комплетиран во февруари, а публиката ќе има можност да го види на некој од претстојните фестивали.
„Последните камбани“ е поддржан од Агенцијата за филм на Република Македонија
Ново на Сител
-
Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна трговија
-
Фрчковски злоупотребил стотици илјади евра буџетски пари
-
Мицкоски: Повеќе отстапки нема да правиме
-
Наместо обвинувања, партиите да понудат решенија за поткрепа на судството
-
Гаши не открива кога Законот за интонирање на химната во училиштата ќе се најде на пленарна седница
-
Од утре ,,Новогодишна кошничка''
-
Граѓаните се надеваат, но не очекуваат намалени цени
-
Во Нефрологија годишно се прават 16.000 хемодијализи