Во лавината во Италија досега загинаа 25 лица, четири се исчезнати
Спасувачите пронајдоа уште тела на жртви во лавината, што пред една недела го затрупа хотелот во Италија, со што вкупниот број на загинати во несреќата нарасна на 25 лица - 13 мажи и 12 жени, пренесе ДПА.
Како исчезнати се уште се водат четири лица. Иако веројатноста тие да бидат пронајдени живи веќе е минимална, спасувачките операции ќе продолжат се додека не се најдат сите исчезнати луѓе, уверуваат италијанските власти.
По лавината, вкупно 11 лица беа пронајдени живи, а меѓу нив и четири деца, кои под урнатините на хотелот го преживеаја ударот на масата снег.
На 18 јануари 120.000 тони снег, со брзина од околу 100 километри на час, се струполија врз хотелот со четити ѕвезди „Риџопиано“. Истиот ден серија земјотреси со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала ја потресоа централна Италија.
Италијанското обвинителство отвори истрага за убиство од невнимателност за да утврди евентуална одговорност за несреќата или неадекватна реакција на спасувачките служби.
Се прават проверки зошто повиците за помош од хотелот биле задоцнети, зошто се забавило испраќањето на риначот на снег што пристигнал многу по спуштањето на лавината врз хотелот, дали имало процедури за реакција во несреќи и дали тие биле почитувани.
Ново на Сител
-
Секоја година се намалува бројот на првачиња во општините од истокот
-
Доколку продолжи деградацијата на езерото ќе исчезнат ендемичните видови
-
Преглед на вестите од светот
-
Поднесени 18 приговори до ДИК, роковите течат
-
Течат роковите за приговори
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Полицијата го пронајде виновникот за пожарот на мостот „Беласица“: 37-годишникот е веќе во затвор
-
Се гради помалку, но 5 пати поскапо од лани