-->
-->
Во кумановско Орашац волци задавиле 18 овци, 10 се повредени
-->
Волци зaдавиле 18 овци во одгледувалиште во кумановското село Орашац. Сточарот Горан Николовски изјави дека првпат се случува волците да влезат во трлото и да им причинат значителна материјална штета.
Сопственикот повикал и полиција и ветеринарна служба. Од СВР Куманово го потврдија случајот и денеска информираа дека увидна екипа излегла на терен и утврдила дека волци утрово во периодот од 02 до 03 часот, усмртиле 18 овци, десет биле повредени, но преживеале, а десетина овци избегале.
Ова е втор случај за четири дена во Кумановско, како волци напаѓаат стада. На 17 -ти септември во Пчиња, волк задави десетина овци и кози.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Благоја Ралповски, KСС
-
Започнува изградбата на автопатот Тетово - Гостивар
-
Започнува изградбата на автопатот Тетово - Гостивар
-
Средба Мицкоски - Таравари во текот на неделава
-
Светски ден на слободата на медиумите – 3 мај
-
Сител анализа: Зошто жените заработуваат помалку од мажите?
-
„Од врата до врата” за поголем опфат со вакцини и избегнување на епидемија со морбили
-
Родителите мора да ја почитуваат реонизацијата при запишување на првачињата