Во кумановскиот суд завршни зборови за случајот „Алмир“

Во Судот во Куманово денеска треба да бидат изнесени завршни зборови на судењето против обвинетиот Бобан Илиќ, кого Обвинителството го гони за убиство на четиригодишниот Алмир.
Од Јавното обвинителство велат дека ги презеле сите потребни дејствија во врска со овој предмет и оти очекуваат да биде донесена пресуда базирана на правната и фактичка состојба.
Одлуката за овој предмет, како и за секој друг, како што посочија од Обвинителството на вчерашниот брифинг со новинарите, ја носат врз основа на доказите и примена на Кривичниот законик.
Обвинителството го товари обвинетиот Илиќ дека на 25 јуни 2016 година го прегазил четиригодишниот Алмир Алиу, по претходна вербална расправија со таткото на момчето во кумановскиот Здравствен дом.
Осомничениот, се товари дека го прегазил Алмир на улицата „Борис Кидриќ“. За истиот настан против три други лица, таткото на детето Седат Алиу, како и Сами Демири и Абдула Алиу, е поднесено обвинение за сторено кривично дело „насилство“.
Ново на Сител
-

АХВ спречи увоз на над 20 тони небезбеден помфрит
-

Сиљановска-Давкова ќе го одликува Сашко Кедев со Орден „8 Септември“
-

Патот Крива Паланка - Деве Баир во прекин поради одрон
-

Белата куќа: Јужна Африка ги поткопува принципите на Г20 со тоа што не го предава претседателството на САД
-

Потпретседателот на Собранието Милошоски ќе учествува на 4. парламентарен самит на Меѓународната кримска платформа
-

Во Словенија референдум за асистирано самоубиство
-

Предвремени претседателски избори во Република Српска
-

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
