Македонија
23. September 2015 - 14:01

Во Куманово завршна манифестација на проектот Балкан Акција 2015

На градскиот плоштад во Куманово денеска во организација на Центарот за меѓукултурен дијалог (ЦИД) млади од повеќе граѓански организации и  училишта, како и волонтери од странство преку перформанси, музика и игра придонесоа во поттикнувањето на критично размислување за случувањата на глобално ниво, а сето тоа во рамки на финализација на проектот Балкан Акција 2015 (Balkan Action 2015). 
 
Целта е да се поттикнува размислувањето за трите теми кои на глобално ниво се најдискутирани: сиромаштијата, борбата со нееднаквоста во светот и климатските проблеми како најзначаен  за наредните децении.
 
- Проектот има за цел да го поттикне размислувањето и креирање на  критична маса на младите луѓе кои размислуваат и кои би требало да го подобрат животот на глобално ниво.Проектот е работен на глобално ниво поради усвојувањето на Декларацијата за одржлив развој во периодот од 2015 – 2030, на 24-ти септември во Обединетите Нации,  така што круцијално е да се поттикне свеста за подигање на размислувања  и да се повика на поголема инклузија на младите во донесување одлуки, бидејќи нивното учество е императив на кој би требало да се гради нашето општество,што е  една од целите за одржлив развој, изјави асистентот на проектот,Тамара Лазаревска.
 
Во Македонија проектот во имплементира Центарот за интеркултурен дијалог, а на балканско ниво го спроведува  во соработка со две организации CHRDS Центар за истражување  и Beyond Barriers,од соседните Србија и Албанија.