Во Куманово засега нема да се обележува хоризонталната сигнализација
Хоризонталната сигнализација во Куманово засега нема да се обележува бидејќи до крајот на овој месец истекува рокот во кој фирмата избрана на тендер треба да достави информација до „Водовод“ дали можат да достават бои и репроматеријали по истата цена како и претходно.
- Откако увидовме дека поставената сигнализација почнува да бледее, веднаш реагиравме до фирмата. Ги повикавме да дојдат на лице место и да видат за што се работи. Ни кажаа дека ќе направат анализа на бојата и оти ќе бидеме известени во рок од еден месец затоа што лабораторијата во тој временски рок може да им даде извештај за што се работи. По добиениот извештај побараа рок од уште еден месец за да видат дали ќе можат да достават понуда по цени коишто се договарани затоа што се покажа дека овој тип на боја којашто ни го доставија, не одговара на сите прописи за обележување, изјави директорот на „Водовод“ Горан Стојковски.
Тој се надева дека до крајот на декември ќе добијат одговор, а доколку тоа не се случи, тогаш ќе распишат нов тендер.
Стојковски посочи дека согласно процедурите стапиле во контакт и со второрангираната фирма на тендерот од каде биле известени дека не можат да понудат материјал по истата цена, како и во јуни.
ЈП „Водовод“ го спроведува обележувањето согласно програмата на општина Куманово за 2016 година.
Ново на Сител
-
Работодавачите не прифаќаат минимална плата од 30 илјади денари
-
15.000 жалби за превисоки сметки за струја: За в четврток најавен протест на жителите на Сингелиќ и Арачиново
-
Одложено судењето за сообраќајката во која загина Теодора Ристовска, обвинетиот бил во болница
-
Средба Мицкоски - Орбан во Будимпешта
-
СДСМ: Власта да ги прифати нашите предлози
-
Граѓаните да не наседнуваат на измамите по телефон
-
Инвестиција од 300 милиони евра за изградба на соларен парк „Стипион“
-
Се зголемува бројот на пациентки со рак на дојка