Во Куманово за една недела регистрирани 39 заболени од грип
Во Центарот за јавно здравје во Куманово минатата недела се регистрирани 39 заболени од грип, информираа денеска надлежните од таа јавна здравствена установа.
Тројца од нив побарале помош од лекарите на инфективното одделение во Општата болница во Куманово, но ниту еден не е хоспитализиран.
Од почетокот на сезоната на 1 октомври, минатата година, до минатата недела се регистрирани 202 лица заболени од грип и симпотми слични на грип, што во однос на минатата сезона е зголемување за приближно 11 проценти..
– Околу 64 проценти од заболените се во возрасната категорија од 15 до 64 години, по што следат заболените од детската популација од пет до 14 години, изјави, доктор Јадранка, Стаменковска, епидемиолог од Центарот за јавно здравје Куманово.
Вакцина против грип во Куманово примиле 2.400 лица. Епидемиолозите очекуваат како и претходните сезони, да расте бројот на заболени кон крајот на јануари и почетокот на февруари.
Лекарите советуваат примена на хигиено-дитетески режим при првични симпоми на грип, мирување, внесување на доволно течности, витамини, проветрување на просториите. Доколку симптомите се влошат, тогаш болните треба да побараат помош од матичните лекари.
Ново на Сител
-
Сообраќајна несреќа кај патот Гостивар-Тетово, едно лице загинато и пет повредени
-
Дарио Ивановски победник на полумаратонот на годинашното издание „Охрид трчаТ“
-
Голема количина отпад изваден од дното на Охридското Езеро кај Радожда
-
Кина го обвинува американскиот министер за одбрана за „провокативни“ изјави во Сингапур
-
Железничката станица во Нови Сад ќе биде урната, реконструирана или делумно користена
-
Малолетник тешко повреден во сообраќајна несреќа во Кавадарци
-
УХМР: Следува период на сончево и топло време, дневната температура во сабота до 37 степени
-
Двајца мртви во Франција за време на прославата на победата на ПСЖ во Лигата на шампиони