Македонија
23. July 2015 - 17:18

Во Куманово убиен командант Шкипоња

Во една расправа денеска попладнево во Куманово убиено е едно лице, а како што пренесува Алсат М телевизија станува збор за Џемаил Реџепи, познат како командант Шкипоња.
 
Од МВР го потврдија инцидентот кој се случи денеска околу 16 часот во близина кај поранешната касарна во Куманово.
 
Инаку, полицијата излезе на терен и работи на расветлување на случајот.