Во Куманово се одржа „Пивтијада 2017"
Манифестација „Пивтијада 2017“ по повод големиот христијански празник Водици, традиционално се одржа по 15. пат во Куманово, во организација на здружението на граѓани мултимедијален центар „Карпино“.
На манифестацијата учество земаа петнаесет домаќинки.
Посетителите имаат можност да дегустираат од овој зимски специјалитет и да проследат настапи на кумановски пеачи и групи. Стручното жири оцени дека највкусна и најубаво декорирана привтија е на кумановката Бетка Пешевска, која изјави дека прв пат учествува на манифестацијата.
- Првпат учествувам на манифестацијата. Нема посебен рецепт за пивтија, најбитно е убаво да се измие, да се вари неколку часа и убаво да се декорира, изјави Бетка Пешевска, првонаградена на „Пивтијада“.
Годинава се подготвени околу 200 чинии пивтии во кои се употребени повеќе видови месни производи, а ги дегустираа присутните на „Пивтијада“ . Дел од пивтиите ќе бидат подарени на дневниот центар за лица со интелектуална попреченост „Порака наша“.
Покрај натпреварувачкиот дел, манифестацијата, информираше претседателот на здружението Зоран Павловски, има религиозен карактер, но и културно-забавен дел.
- И оваа година достоинствено го прославуваме големиот христијански празник Богојавление-Водици, се дружиме и пренесуваме позитивна енергија, изјави Павловски.
Беше извршено и примопредавање на кумството од стариот Драган Чунгурски на новите кумови, членовите на мото клубот „Мечки“.
Ново на Сител
-
ЦУК: Шест активни пожари и четири под контрола
-
Полицајци од СВР Тетово спречија девојка да си го одземе животот, приведено едно лице поради сомнение за посредување на проституција
-
Гори на планината Серта меѓу штипските села Драгоево и Селце
-
Европол: Уапсен клучен актер кој стои зад рускојазична платформа за сајбер-криминал во Украина
-
Синер повторно го ангажираше Ферара
-
Во Гевгелија измерени 42 степена, а 40 во Скопје, освежување од недела
-
ССНМ бара препораките за топлото време да важат и за новинарите и да не се организираат настани на отворено
-
Со македонски пасош без виза може да се патува во 130 држави