-->
-->
Во Куманово потпишан меморандум за соработка за програмата за изучување англиски јазик
-->
Претставници од средното општинско училиште „Перо Наков“, на Македонскиот центар за граѓанско образование и градоначалникот на општина Куманово,Зоран Дамјановски, денеска потпишаа меморандум за соработка со кој се предвидува имплементација на програмата наменета за изучување на англиски јазик.
Дваесет и пет ученици од „Перо Наков“ од паралелеките на македонски и албански јазик, две години ќе изучуваат англиски јазик, американската култура, обичаи и традиции.
- Аксес програмата веќе втора година се имплементира во Македонија , поддржана е од американската амбасада во Скопје и ја спроведува Македонскиот центар за граѓанско образование. Програмата е наменета за изучување на англискиот јазик, американската култура, обичаи и традиции преку некласичен начин со интерактивно изучување на програмата. Проектот е предвиден да трае две години, изјави Маја Костовa од Македонски центар за граѓанско образование.
Директорката на училиштето „Перо Наков“, Лидија Тасевска информира дека кумановското училиште е второ во Македонија каде што се импелементира програмата.
- Ќе бидат вклучени ученици од различни етнички заедници, што значи дека ќе има можност и за дружење и за соработка, пријателство и за учење. Предавањата ќе се одвиваат во библиотеката ,која што дополнително ќе биде опремена од организацијата со најсовремени средства, што исто така ќе бидат добар бенефит за училиштето, изјави Тасевска.
Градоначалникот Дамјановски по потпишувањето на меморандумот за соработка изјави дека учениците ќе имаат можност да учествуваат на летни кампови и оти проектот ќе придонесе за зближување на учениците од различните етнички заедници во градот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Здружение на судии: Ставање на црната листа на САД на кој било судија удар врз неговата чест и углед
-
Поевтинуваат Еуродизелот и Еуросупер БС-98
-
За три години во Албанија убиени 32 жени
-
Ослободен е мажот кој 21 година бил заробен во Сирија
-
Сиљановска-Давкова: Не смееме како досега да останеме мирни во однос на црните листи, Обвинителството да постапи по допрен глас
-
САД покренаа обвиненија за воени злосторства против двајца поранешни воени лица на Сирија
-
СВР Скопје заплени повеќе од 40.000 парчиња пиротехника на Бит Пазар
-
Тошковски: Од неопходна важност е градењето и воспоставувањето на систем за контрола на легалните и нелегалните текови на оружјето