-->
-->
Во Куманово поставен полнач за електрични автомобили
-->
ЕВН Македонија, општина Куманово и Јавното претпријатие „Куманово-Паркинг“ потпишаа договор за поставување полнач за електрични возила. Полначот е поставен на паркинг просторот кај Центарот за култура „Трајко Прокипоев“ . За овој проект на ЕВН, „Куманово Паркинг“ обезбеди и обележа со зелена боја две паркинг места што се наменети за возила, што ќе го користат полначот. Паркирањето за електричните возила на оваа локација е бесплатно, соопштија од претпријатието.
Користењето на овие возила во Македонија е во почетна фаза, но глобалните трендови кон кои цели државата и општините се во насока на користење на обновливи извори на енергија, со цел зачувување на животната средина. Полначи за електрични возила се поставени во повеќе градови од државата. Идејата е да се поттикне користење на возила на електричен погон што ќе придонесе за заштита на животната средина.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Жана Базби
-

Се е подготвено за Водици во Охрид
-

Втор смртен случај поради компликации од грип на Инфективна
-

Мицкоски: Во политиката нема празен простор
-

Камионџиите ќе ги блокираат границите – како тоа ќе влијае на секојдневието на граѓаните?
-

Охридските хотелиери и угостители нудат примамливи понуди за Богојавление
-

Над 140 лица заинтересирани за скокање по светиот крст – манифестацијата утре почнува во 9 часот
-

Нова метода за лекување на мозочен удар во Прилеп, најважно е да се делува во првите 4 часа од ударот

