Во Куманово показна вежба „Заедно за граѓаните“

Претседателката на Советот на општина Куманово, Атина Мургашанска, истакна дека целта на денешниот настан е да се разбуди свеста кај граѓаните за поголема сообраќајна култура и почитување на правилата и прописите.
Командирот на ТППЕ Куманово, Дејан Илиевски, посочи дека нивната институција е секогаш отворена за какви било прашања и сугестии од граѓаните за да се зајакне соработката од која краен бенефит ќе имаат кумановци.
Виолета Богдановска од отсекот за превенција, од СВР Куманово, рече дека оваа активност има за цел да го покаже координираното постапување на институциите во служба за заштита и помош на граѓаните.
Присутните, ученици и граѓани се запознаа со дел од опремата и материјално- техничките средства со кои располагаат институциите во градот. Ваков настан се одржува трета година по ред со цел, граѓаните повеќе да споделуваат информации со иснтитуциите и да се информираат за нивната дејност. Градоначалникот и Советот на општина Куманово се покровители на оваа манифестација.
Ново на Сител
-

Тошковски: Построги казни и зголемување на старосната граница за возење тротинет
-

EСМ в година ќе покрива 70% од потребите за домаќинствата – Ќе плаќаме ли поскапа струја?
-

Николоски најави брза пруга до Солун
-

Мицкоски: Министрите што се уморни чесно е да си одат
-

Радев: Немам што да си кажам со Мицкоски
-

ВМРО-ДПМНЕ: Поддршката значи обврска
-

Тошковски: Законски измени за тротинетите
-

Постарите лица имаат потреба од нега
