Во Куманово ќе се одржи 10. „Рома Труба Фест 2015“

На градскиот плоштад во Куманово, во вторник ќе се отвори 10. јубилеен Меѓународен фестивал на дувачки оркестри „Рома Труба Фест 2015“, најави денеска организаторот на фестивалот, ансамблот на народни ромски игри и песни „Рушит Шаќир“.
На годинашниов фестивал ќе настапат пет дувачки оркестри и пејачи од Македонија и соседна Србија.
- Оваа година имаме исклучително богата програма со реномирани гости. Се потрудивме да извлечеме максимум од сите оркестри, бидејќи годинава фестивалот нема натпреварувачки, туку ревијален карактер. Како и секоја година и оваа очекуваме посетители, не само од Куманово, туку и од соседните градови, изјави директорот на фестивалот Самет Салиевски.
Последниве неколку години, како што рече Салиевски, фестивалот го поддржува и Министерството за култура.
Манифестацијата, воедно е дел од годишната програма на секторот за култура за 2015 година и се одржува под покровителство на градоначалникот и Советот на општината.
Ново на Сител
-

ИЈЗ: За една недела пријавени 94 случаи со грип
-

Сведок во Онкологија: Преку пријатели добивавме терапија од Нино Васев
-

Последни заклучоци пред новата стратегија за образование да биде спакувана во финален документ
-

Речиси сите средношколци носат нож и боксирач во ранец за самоодбрана
-

Преглед на вестите од светот
-

Орце Ѓорѓиевски и официјално победи на изборите во Скопје
-

Мицкоски: Да го сменевме уставот се ќе беше одлично
-

Јаневска: Новата стратегија за образование ќе ги подобри резултатите на учениците на ПИСА и ТИМСС
