Во Куманово гласаат 134 болни и изнемоштени лица

Вкупно 134 болни и изнемоштени лица денеска ќе го остварат правото на глас во вториот круг од претседателските избори во Куманово. Денеска право на глас имаат и осудениците кои својата санкција ја извршуваат во Казнено-поправната установа Затвор Куманово во селото К’шање.
– Малку е зголемена бројката на пријавени гласачи во вториот круг од претседателските избори. Гласањето е при крај, се одвива непречено и без никакви проблеми, истакна потпретседателот на ОИК Куманово, Ајрула Керими.
Во Куманово утре ќе се гласа на 167 избирачки места, а гласачкиот материјал е соодветно обезбеден.
Осум болни и изнемоштени лица кои претходно поднеле барање до Државната изборна комисија денеска го остварија своето право на глас, инфомираше Драган Јовановски, претседател на ОИК Старо Нагоричане.
Утре право на глас во општината Старо Нагоричане ќе имаат вкупно 3.329 лица. Четворица осуденици своето право на глас ќе го остварат денеска во казнено-поправните установи каде ја издржуваат санкцијата.
На 30 избирачки места во Општина Липково утре своето право на глас за нов претседател ќе можат да го остварат вкупно 25.360 лица, информираше Лирим Јашари, претседател на тамошната Општинска изборна комисија. На подрачјето на Липково денеска не е реализирано гласање на болни и изнемоштени лица, затоа што претходно до ДИК ниту еден гласач не поднел такво барање.
Ново на Сител
-

Бугарскиот парламент гласа за владата на Радев
-

Сиљановска: Бугарските граѓани очекуваат стабилност, а ние соговорник
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е подготвен на ново предавство со Бугарија
-

Генералка викенд во Скопје
-

Прилеп го доби првото официјално Собирно место за селекција и одлагање на отпад
-

Преглед на вестите од светот
-

Арсовски: Реконструкцијата треба да е робусна, а СДСМ треба да се плаши од избори
-

Тема на денот со Петар Арсовски политички аналитичар
