Во Крушево продадени осум парцели за туристички и индустриски капацитети
Две фирми купија седум парцели- градежно земјиште на скијачките терени Станиќ во Крушево, а една парцела е продадена во крушевската индустриска зона „Опаленик“. Ова е епилогот од објавата на општина Крушево за оттуѓување на градежно земјиште.
Како што информираат од крушевската локална самоуправа откупени се сите седум парцели на скијачките терени Станиќ од две претпријатија. Парцелите се со големина од над 300 метри квадратни и тука ќе се градат објекти за услужни угостителски дејности.
Што се однесува до градежната парцела во индустриската зона „Опаленик“, од општината Крушево прецизираат дека станува збор за парцела од 22.261 метри квадратни. Оваа парцела е закупена за изградба на нови погони за производството од лесната и незагадувачка индустрија, сервиси и стоваришта.
Според крушевскиот градоначалник Томе Христоски, Крушево работи на инфраструктурните објекти, од една страна, а од друга им дава можности на приватните стопанственици да ги развиваат индустриските гранки, туристичката и производствената дејност.
– Општината се развива од повеќе страни. Од една страна се нашите инвестиции во инфраструктурата со средства од државни и од меѓународни фондови. Се градат патишта, резервоари за вода, канализации, градинки, се инвестира во туризмот, во јавната хигиена. Од друга страна е овој дел кој припаѓа на приватниот сектор со наша поддршка. Откупени се парцели за туристички и за комерцијални објекти на „Станиќ“ и со тоа зимскиот и авантуристички туризам продолжува да се развива, а со продажбата на парцела во индустриската зона се отвора патот за нови работни места, за производство и за дополнително раздвижување на локалната економија, вели Христоски.
Ново на Сител
-
САД: Земјите кои не возвратија на царините ќе бидат наградени
-
Трамп ги зголемува царините за Кина на 125 отсто, но најавува 90-дневна пауза за останатите земји
-
Дортмунд подготвува нов договор за Ковач
-
Ердоган ја обвини главната опозициска партија за „фашизам“
-
Вучиќ за утврдување одговорност за посетата на повредените од Кочани: Никој не ме пушти, сам си влегов, и што сега?
-
Директори злоупотребиле службена положба и ги оштетиле буџетите на две беровски училишта за вкупно 1.171.000 денари
-
Трендафилов: Владата не е против зголемување на минималната плата, туку останатите два синдиката
-
Изградбата на втората фаза во Затвор Идризово се очекува да започне до крајот на годинава, најави Пандов