Во Кривичен суд судење за изборните нерегуларности од локалните во 2013 година
Во Кривичниот суд денеска ќе се одржи рочиште за предметот „Титаник 2“ на Специјалното јавно обвинителство, што се наоѓа во доказна постапка, и се однесува на изборни нерегуларности на локалните избори во 2013 година.
На последното судење беа пуштени неколку „бомби“ предложенои од СЈО на кои се слушна како поранешниот премиер Никола Груевски и новинарот Драган Павловиќ-Латас на 28 март 2013 година разговараат за тоа дека има повторно гласање на неколку места во Македонија. Во друг разговор наредниот ден поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков му вика на новинарот Латас дека од „нешто треба да прават драма три дена“, на што Латас пак вели дека ќе „видиме колку сега Заев кошта”.
Во „Титаник 2“ обвинети се лидерот на ДПА, Мендух Тачи, поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, како и поранешните членови на ДИК, Бедредин Ибраими, Анета Стефановска, Влатко Сајковски и Сашо Срцев.
Ново на Сител
-
30 години Сител со Тошо Филиповски - Досие
-
30 години Сител со Миа Костова, Мартин Трпчевски и Билјана Максимовска - 99 Action
-
30 години Сител со Борче Пауновски и Велика Атанасова - Наша Земја
-
30 години Сител со Весна Петрушевска - Вртелешка
-
30 години Сител со Тања Атанасовска - Бумбар
-
30 години Сител со Бошко Трпевски - Асовите бираат асови
-
30 години Сител со Мелита Ракичевиќ - Пет шоу
-
30 години Сител со Драган Павловиќ Латас