-->
-->
Во Крива Паланка усвоен извештајот за еднакви можности 2015
-->
На последната седница на Советот на општина Крива Паланка беше усвоен извештајот за еднакви можности на жените и мажите според кој годишната оперативна програма за 2015 од оваа област ја исполнила целта за етаблирање на патот на родова рамноправност во општината преку дефинирање стратешки области за работа.
Стартешките области се човекови права и недискриминација, жената и одлучувачките процеси во локалната заедница, жената и пазарот на труд, родово одговорно буџетирање и јакнење на капацитетите – едукација на носителите на активностите.
Согласно овие стратешки цели реализирани други едукативни предавања за корпусот на човекови права, законска легислатива за родова рамноправност и правата на жената, во соработка со Агенцијата за вработување на РМ реализирана е констинуирана дисеминација на информации за промоција на активните мерки и програми за стекнување на жените со одредени квалификации за работа, Комисијата за еднакви можности во континуитет вршела укажување до организациите и институциите на локално ниво за потребата од „почитување на принципот на еднакви можности“ и слично.
Во извештајот се наведува дека според работните места, позиции и звања во ЕЛС на Крива Паланка половата застапеност на мажи и жени е рамноправна т.е. од вкупно вработени 48 лица, 22 се жени, а 28 мажи или процентуално, 44 отсто од вработените се од женски пол, додека 56 од машки. Што се однесува до составот на Советот на општина Крива Паланка, од вкупен број, 19, советници, шест или 31,6 отсто се жени, додека 13 се мажи.
Инаку, според демографските податоци од вкупниот број жители на општина Крива Паланка вклучително и 34 околни села изнесува 20820 од кои 10727 се мажи и 10093 жени, од кои најголемиот процент припаѓаат на старосната група од 15 до 64 години.
Програмата е реализирана од страна на локалната самоуправа на општина Крива Паланка која е главен носител на активностите, но во дел од нив се јавува и како партнер на НВО секторот кој работи на полето на еднакви можности.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Јован Јоновски, хералдичар
-
Критики од европските претставници за гласањето во ООН
-
9-тото електрично возило за чистење на БРАКО излезе на пазарот
-
Пратенички прашања: Од резолуцијата во ОН, преку Коцевски, до кој какво млеко пие
-
Уште 8 амбасадори се пакуваат за дома
-
Заменик градоначалникот на Скопје си поднесе оставка - Арсовска тврди дека таа го разрешила
-
Македонија сака да увезува отпад од ЕУ - Пратениците расправаат за последиците од аерозагадувањето
-
Уапсен поранешниот директор на затворот Шутка, Филип Андов-Сокол