-->
-->
Во Крива Паланка трибина за превенција од зависности
-->
Општинската организација на Црвен крст Крива Паланка синоќа организираше трибина за превенција од зависноти која претставува завршна активност од проектот „Превенција од болести на зависности кај младите“.
Петставени беа активностите реализирани во рамки на проектот, но и активностите на институциите во оваа насока, а се идентификуваа и потенцијалните партнери за идни иницијативи.
- Главни носители на активностите од проектот и неговата имплементација беа младите волонтери кои реализираа 16 едукативни работилници наменети за учениците од повисоките класови од сите основни и подрачни училишта на територијата на Крива Паланка и Ранковце како и во средното училиште, изјави Дарко Пешовски, секретар на ОО Црвен крст, Крива Паланка.
Со трибината, додаде Пешовски, се заокружува овој, според него, проектот што воедно е поттик и во иднина да се работи на ова поле.
Едукацијата опфати 345 ученици од средното и основните училишта.
- Целта беше да се подигне јавната свест и едуцираност на учениците на поинакво ниво, ниво на рано препознавање на девијантните појави и нивно искоренување, рече Пешовски.
На трибината стручните предавачи ја потенцираа штетноста од алкохолот, цигарите и дрогата, и укажаа на начините за заштита од овие пороци.
Присутни беа претставници од локалните самоуправи на Ранковце и Крива Паланка, релевантните институции, Меѓуопштински центар за социјални работи, МВР, Здравствен дом „Димитар Арсов“, Домот за ученици „Боро Менков“, претставници на граѓански здруженија, родители.
Активностите од проектот се реализираа од 22 септември до 10 ноември годинава.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Првиот сведок на Палчо: Полицијата го тепаше Видевски за да ги признае убиствата на Вања и Панче
-
Тема на денот со Гордана Сиљановска Давкова, претседателка на државата
-
Скандалозно судење на дербито Вардар-Силекс
-
Судски Совет: Изречената воспитна мерка за Васил Јованов е согласно законот
-
Интерпелациите за Судскиот совет на седница до 10 март
-
Предлогот за разрешување на Коцевски патува кон Советот на Јавни обвинители
-
Резолуциите во Обединетите нации и денеска причина за обвинувања помеѓу власта и опозицијата
-
Зеленски во петок кај Трамп