-->
-->
Во Крива Паланка средношколци на обука за проектот „Е-услуги, знаење за социјално зближување“
-->
Триесет средношколци од средното општинско училиште „Ѓорче Петров“ од Крива Паланка и професионалната гимназија за економија и менаџмент „Јордан Захариев“ од Кустендил, Република Бугарија учествуваат на дводневна обука за е-услуги и веб-дизајн.
Основната цел на проектот е промовирање на економско и социјално зближување преку создавање на долгорочно партнерство во пограничниот регион на Крива Паланка и Ќустендил преку развивање и промоција на трансгранични иницијативи за учениците, наставниците и бизнис организациите во областа на ИКТ, веб-програмирањето и електорнските услуги.
- По петнаесет ученика од различни образовни гоидни од нашата и партнер-гимназијата од Ќустендил вклучени во проектот „Е-услуги, знаење за социјално зближување“ ќе ја проследат четвртата обука за е услуги и веб-дизајн по што ќе можат сами да креираат интернет страници и истите да ги дизајнираат, а истовремено имаат можност да ги разменат сопствените искуства во оваа област и во иднина успешно да изработат страници за своите потреби, појасни Виолета Станковска-Станојковска, координатор на проектот од македонска страна.
Станковска-Станојковска информира дека по завршувањето на обуката сите ученици ќе добијат сертификати за усвоените знаења од оваа област.
- Обуките ги спроведуваат професори од двете гимназии, а покрај за ученици, беше спроведена обука и за 20 професори на тема „Веб-развој и методи за интернет едукација“. До крајот на реализација на проектот кој треба да заврши на 25 месецов предвидено е да се одржи бизнис-конференција и завршна прес-конференција со што ќе се заокружи проектот, нагласи Станковска-Станојковска.
Проектот го имплементираат носителот, професионалната гимназија за економија и менаџмент „Јордан Захариев“ од Кустендил, Република Бугарија, средното општинско училиште „Ѓорче Петров“ од Крива Паланка и Асоцијација Земјоделци и претприемачи за Европа ,село Жилиенци, Ќустендил.
Овој проект е финансиран од ИПА програмата за прекугранична соработка помеќу макеоднија и Бугарија, а вкупниот буџет за проектните активности изнесува околу 88.000 евра.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Повеќе од 150 делегации се регистрираа за инаугурацијата на папата Лав Четиринаесетти
-
Крушево домаќин на првото државно првенство во планински велосипедизам
-
УХМР: До понеделник пониски утрински температури, дневните во пораст
-
МВР: Пријава за угостител кој точел алкохол на малолетно лице во Македонска Каменица
-
Во Штип почна Фестивалот „Shtip Street Food Festival“
-
Најмалку 20 загинати во невреме во САД
-
Тетовец изгубил станови во Тетово и Охрид откако зел пари со камата од 25.000 евра од двајца сограѓани
-
Одземена биста од гробиштата во Бутел