Во Крива Паланка собрани 47 единици крв

Во просториите на Територијалната противпожарна единица од Крива Паланка денеска се одржа крводарителска акција на која беа собрани 47 единици крв.
- Акцијата се организира во пресрет на 20 мај - Ден на пожарникарството. Ова е прв пат да организираме акција за дарување крв во соработка со ОО на Црвен Крст, Крива Паланка, со кои инаку, имаме одлична соработка и досега за Денот на пожарникарите сме организирале повеќе симулациски вежби за евакуација во случај на пожар, реализирани во основните училишта од градот, изјави Иле Коцевски, командир на ТППЕ Крива Паланка.
Инаку, противпожарната единица утре, 20 мај , ќе биде отворена за посета од страна на сите граѓани од општината.
Досега кривопаланечкиот Црвен крст одржа десет акции за крводарување на кои се собрани вкупно 409 единици крв.
Акцијата се реализираше во соработка со Институтот за трансфузиона медицина од Скопје. Акцијата е дел од редовната годишна програма за крводарувања според која предвидено е да бидат соберени 711 крвни единици.
Ново на Сител
-

Искра Хаџи Василева е новата шефица на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција
-

МВР приведе 4 лица за двете убиства во Ѓорче Петров
-

Тема на денот со Соња Трифуновска, заменик народен правобранител
-

МВР приведе 4 лица за двете убиства во Ѓорче Петров
-

Обвинителите избираат нов шеф за организиран криминал и корупција
-

Граѓаните ќе можат да вадат документи преку телефон - промовирана е новата апликација М.услуги
-

Студентите бараат 200 денари за оброк
-

Ќе се пресметуваат ли платите по час? Договор би требало да има до март
