Во Крива Паланка се работи дорегулација на Белевски Дол
Во завршна фаза се градежните работи на вториот дел од дорегулација на Белевски Дол во кривопаланечката населба Белево.
- Финишира регулацијата на долот кој етапно го градиме со цел надминување на децениските проблеми кои жителите ги имаа со неговото излевање. Ова е последниот дел од трасата на коритото, останува само да се оформи неговата подлога и таа да се фугира, како и да се дооформат површините околу долот, информира градоначалникот на Крива Паланка, Арсенчо Алексовски.
Покрај самиот дол формирани се две пристапни улици до домовите на граѓаните.
- Покрај регулацијата им овозможивме пристап до куќите на жителите на овој реон, кои претходно имаа само обиколен пат. Со ова се завршува коритото на целиот потег на долот, а ќе остане да се изготви проект и решение за регулирање на почетокот на Белевски Дол, над браната каде има два крака од по стотина метри, додаде Алексовски.
За овој дел над местото викано брана немаме изготвено проект, веќе сме во фаза за нарачка на проектот и ни останува обврската да го решиме и овој дел со кој ќе се комплетира целокупната инфраструктура на долот.
За оваа фаза од градбата се вложени 5,5 милиони денари, додека за изградба на двете фаза од проектот за дорегулација на Белевски Дол, се вложени над 11 милиони денари, средства од буџетот на општина Крива Паланка, Министерство за животна средина и дел средства грант од Светска банка.
Ново на Сител
-
Уште две деца повредени по новиот предизвик на „Тик ток“, хоспитализирана 15-годишна девојка
-
Вооружен грабеж во „Комерцијална банка“ во Чаир
-
Тошковски: Ќе покажеме дека криминалот и насилството се неисплатливи во Македонија
-
ФИФА и се извини на Украина што покажа карта без Крим во нејзината територија
-
Тошковски: Со истрагата за криминалната група „Беланоца-Барон“ најмалку седум убиства се расветлени
-
Меџити ја претстави Планската програма за почист воздух 2024-2030
-
Пронајдена почината британка на улица во Скопје
-
Под истрага 18 членови на „Беланоца – Барон“