-->
-->
Во Крива Паланка се одржа општински крос 2016
-->

Во организација на Општинскиот сојуз на училишни спортови од Крива Паланка денеска на кривопаланечкиот градски стадион се одржа седмиот општинскиот крос натпревар.
На натпреварот учествуваа околу 300 ученици од основните училишта „Илинден“ и „Јоаким Крчовски“ и средното општинско училиште „Ѓорче Петров“, Крива Паланка.
Учениците беа поделени во шест категории, во секоја по две групи, машки и женски, а трчаа на петеки со различна должина, соодветни на возраста. Најмалите, трето и четврто-одделенците се наттрчуваа на 200 метри, а средношколците трчаа 800 метри.
Покровител на општинскот крос е градоначалникот на општина Крива Паланка, Арсенчо Алексовски, кој им додели дипломи и медали на првопласираните три учесника во секоја од наведените категории.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Рекордна наплата на македонските патарини - 67,6 милиони евра за една година
-

Ѓорѓиевски најави катна гаража на Клинички
-

Традиционално првојануарско оро во Дебар Маало
-

40 загинати и над 100 повредени во пожар за време на новогодишна прослава во Швајцарија
-

Бурна ноќ за полицијата и лекарите: Убиство, пресметки и тешки повреди од пиротехника
-

30 лица на Токсикологија
-

Првото бебе во новата година е девојче – 2026 ќе биде плодна и бериќетна
-

Среќна Нова 2026 година
